Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за труд и социјална политика, за одбрана и безбедност и за надворешни работи.
На предложениот дневен ред на Комисијата за надворешна политика е ставена точката за Утврдување на национален став за македонските ЕУ-интеграции, наспроти позициите на официјална Софија засновани на Објаснувачкиот Меморандум усвоен од страна на Република Бугарија, кои претставуваат закана за блокада на евро-интеграциите и нарушување на универзалното право на самоопределување.
Комисијата за труд и социјална политика треба да го разгледа Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи – I читање, поднесен од пратениците од владејачкото мнозинство.
Измените и дополнувањата на законите за безбедност на сообраќајот на патиштата и за внатрешни работи, двата во прво читање ќе се најдат пред пратениците од Комисијата за одбрана и безбедност.