сабота, 10. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Седница на Влада

Седница на Влада

Владата денеска во 12:15 часот ќе ја одржи редовната 16-та седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Според предложениот дневен ред, меѓу другото, на денешната седница ќе се разгледува Информацијата за организирање на втората меѓународна конференција Преспа форум за дијалог, како и Информацијата за безбедносната ситуација во и околу Украина и за потребните мерки за осигурување на безбедноста на членовите од Република Северна Македонија во Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ во Украина.

Двете информации се предложени од Министерството за надворешни работи.

На предлог на Секретаријатот за европски прашања, пред министрите за разгледување ќе се најде и Информација за одржаниот седумнаесетти состанок на Поткомитетот за транспорт, животна средина, енергетика и регионална политика, во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија, одржан на 18 март 2021 година.

Најнови вести