Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат комисиите за финансирање и буџет, за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно – правната комисија.
Предлог – законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2021 година, по скратена постапка, во второ читање, е единствената точка по која ќе расправа Комисијата за финансирање и буџет.
За спроведување на интервју на пријавени кандидати на Јавниот повик за ангажирање на двајца технички експерти за постојана поддршка, ќе дискутираат пратениците – членови на на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите.
На дневниот ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно – правната комисија е Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени, по скратена постапка, во второ читање.