Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за финансирање и буџет, за локална самоуправа и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта, по скратена постапка, во второ читање поднесен од Бастри Бајрами, Кастриот Реџепи, Биљал Касами, Фадил Зендели, Сурија Рашиди, Илире Даути, Артина Ќазими, Зиадин Села, Халил Снопче, Абдула Салиу, Сафије Садики Шаини.
Членовите на Комисијата за локална самоуправа, пак, ќе расправаат по Предлог на стратегија за регионален развој на Република Северна Македонија 2020 – 2030.
На Комисијата за финасирање и буџет има повеќе од дваесет точки од финансиската сфера. На седницата на оваа Комисија, меѓу другите, ќе се расправа по Финансиски план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2021 година. Предлог – закон за изменување на Законот за финансиската инспекција во јавниот сектор, Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за вршење на работи на застапување во царинските постапки, Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот, Предлог – закон за изменување на Законот за експропријација, Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за банките, Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за државната ревизија, Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за девизното работење, сите во прво читање.
Во Собранието денеска три седници ќе одржи и Законодавно правната комисија.