Во Парламентот денеска седници ќе одржат Комисијата за здравство и Законодавно-правната комисија.
Единствена точка на дневниот ред на Комисијата за здравство е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка, во второ читање.
Овој Предлог-законот е поднесен од пратениците Мирсада Емини Асани, Катерина Кузмановска, Бети Рабаџиевска Наумовска, Мери Лазарова, Јагода Шахпаска, Маја Морачанин, Александра Цветкоска, Мирослав Јовановиќ, Јусуф Хасани, Реџеп Мемеди.
Оваа точка ќе биде на дневен ред и на Законодавно-правната комисија, која ќе одржи две седници. Членовите на оваа комисија на 174. седница ќе го разгледаат барањето за давање автентично толкување на член 21 став 1 точка 4, а во врска со член 20 од Законот за данок на добивка („Службен весник на Република Македонија” број 112/14, 129/15, 23/16 и 248/18), поднесено од пратеникот Енес Ибрахим.