Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат комисиите за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.
Членовите на Комисијата за финансирање и буџет ќе дискутираат за Предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица, Предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија и Предлог-законот за субвенциониран студентски оброк, сите по скратена постапка, во второ читање.
Предлог – законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, по скратена постапка, во второ читање е на дневниот ред на седницата на Законодавно-правната комисија.
Членовите на оваа комисија ќе расправаат и по Предлог-законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на проектот модернизација на земјоделството, по скратена постапка, во второ читање.
На дневниот ред на седницата на Законодавно-правната комисија меѓу другите точки е и Предлог на закон за субвенциониран студентски оброк, скратена постапка, во второ читање.