Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за транспорт, врски и екологија и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
На дневен ред на Комисијата за транспорт врски и екологија се измените на Законот за домување и измените и дополнувањата на Законот за железнички систем и на Законот за комуналните дејности, сите три во второ читање.
Три закони во второ читање ќе се најдат и пред членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Станува збор за Предлог измените на Законот за административни службеници поднесен од парламентарното мнозинство, како и Предлог -измените на Законот за личното име и Предлог измените на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија.