Во Собранието денеска ќе се одржат седници на Комисијата за одбрана и безбедност и на Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на седницата на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог-одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на Обединетите Нации „УНИФИЛ“, во Република Либан, како и Предлог-одлука за изменување на Одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина.
Две седници денеска ќе одржи Законодавно-правната комисија. Нејзините членови, меѓудругото ќе расправаат по Предлог на закон за лековите, потоа по Предлог на Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци, како и Предлог закон за парничната постапка, а ќе ги разгледаат и предлозите што се на седницата на Комисијата за одбрана и безбедност.