Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Законодавно-правната комисија и Комисијата за економски прашања.
Единствена точка на деневен ред на Комисијата за економски прашања е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, по скратена постапка, во второ читање.
Оваа точка ќе биде на дневен ред и на Законодавно-правната комисија, заедно со Предлог-законот за изменување на Законот за пратениците, во второ читање.