Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат комисиите за земјоделство, шумарство и водостопанство и за труд и социјална политика.
Пред Комисијата за земјоделство е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вино во прво читање, поднесен од пратеникот Панчо Минов.
Комисијата за труд ќе расправа по Предлог-измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата, како и по Предлог-законот за изменување на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, двата во прво читање. (МИА)