сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Седници на две собраниски комисии, утре прва пленарна седница годинава

Седници на две собраниски комисии, утре прва пленарна седница годинава

Пратениците од денеска се враќаат на работа по новогодишните и божикните празници. За денеска се закажани седници на две собраниски комисии, а веќе утре треба да се одржи и првата пленарна седница во оваа година. Денеска се очекува да се одржи и редовната координација на претседателот на Собранието со координаторите на пратеничките групи.

Седници треба да одржат Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за одбрана и безбедност.

Членовите на Националниот совет за евроинтеграции ќе ја слушнат Програмата и приоритетите на Шведското претседателство со Советот на Европската Унија за период јануари-јуни 2023 година, а на седницата на Комисијата за одбрана и безбедност ќе биде разгледана Предлог – одлуката за испраќање на припадници на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина (мај 2023 година до ноември 2023 година).

Првата собраниска седница за годинава е планирано да се одржи утре. На предложениот дневен ред на 99. седница ставени се 15 точки, главно закони во прво и во второ читање.

Минатата 2022 година, Собранието одржа 39 нови седници, а заедно со продолженијата од претходно 50. Одржани се осум седници за пратенички прашања, имало четири обраќања на странски гости и едно на претседателот на државата. На овие 39 седници имало 290 усвоени точки на дневниот ред, од кои 190 се разгледани, а 100 неразгледани.

Најнови вести