среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Седници на собраниската Комисија за надворешна политика и на Законодавно-правната комисија

Седници на собраниската Комисија за надворешна политика и на Законодавно-правната комисија

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за надворешна политика и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за надворешна политика се повеќе предлог закони за ратификации на меморандуми за разбирање и договори во повеќе области со Турција, Франција, Албанија и со Косово, како и Предлог закони за ратификација на измените и дополнувањата на Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и ЕФТА државите и на Меморандумот за разбирање за олеснување на патниот транспорт на стоки во регионот на Организацијата за црноморска економска соработка.

Покрај посочените точки, од Законодавно-правната комисија ќе бидат разгледани и повеќе предлог одлуки меѓу кои и промената на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на Ковид- пандемија.

На дневен ред на оваа комисија се и предлог одлуките за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на државата, Предлог одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на целата територија на државата заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија, како и Предлог одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите.

Членовите на оваа Комисија ќе го разгледаат и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа во прво читање.

Најнови вести