Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за земјоделство, шумарство и водостопанство и за економски прашања.
На дневен ред на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство е Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка поднесен од група пратеници.
Членовите на собраниската Комисија за економски прашања ќе расправаат по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за трговија, по скратена постапка, поднесен од група пратеници.