Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност, за транспорт, врски и екологија, а две седници ќе одржи и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за одбрана, во прво читање, а членовите на Комисијата ќе го разгледаат и Извештајот на Законодавно-правната комисија по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите, по скратена постапка, поднесен од: Емил Димитриев, Агим Шаќири, Костадин Костадинов, Мирослав Јовановиќ.
Комисијата за транспорт врски и екологија, пак ќе расправа по Финансискиот план на Јавно радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2019 година. Две седници денеска во Собранието ќе одржи и Законодавно-праваната комисија.