Во Парламентот денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија.
Собраниската комисија за финансирање и буџет ќе одржи две седници – 70 и 71. На дневен ред на 70. седница се измените и дополнувањата на Законот за данокот на личен доход, на Законот за данокот на додадена вредност, на Законот за данокот на добивка, сите по скратена постапка, во второ читање.
Предлог – законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, по скратена постапка, во второ читање е единствена точка на дневен ред на 71. седница на собраниската комисија за финансирање и буџет.
Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште, по скратена постапка, во второ читање.
Истите закони подоцна во текот на денот треба да бидат на дневен ред и пред Законодавно-правната комисија.