петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Седници на две собраниски комисии

Седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат  Комисијата за прашања на изборите и именувањата и Законодавно правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе биде Утврдување предлози за избор на членови на Советот на јавните обвинители на Република Македонија.

Пред членовите на Законодавно – правната комисија ќе се најдат Предлог на закон за ратификација на Конвенцијата за елиминирање на насилството и вознемирувањето на полето на трудот, 2019 (C 190), како и Предлог на закон за ратификација на договорот меѓу Европската унија и Република Македонија за учеството на Република Македонија во „Царините“ Програма на Унијата за соработка во областа на царините. (МИА)

Најнови вести