понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Секторот за заштита на животната средина на Град Скопје ја заборави заштитата на Вардар, граѓаните порачуваат надлежните да се фатат за работа

Секторот за заштита на животната средина на Град Скопје ја заборави заштитата на Вардар, граѓаните порачуваат надлежните да се фатат за работа

На социјалните мрежи се појави видео на кое граѓаните на Скопје ја снимиле реката Вардар во катастрофална состојба.

Тажната слика доаѓа од центарот на Скопје каде за реката не се грижи никој иако тоа е пропишано со Закон.

Но, освен со Закон за заштита на животната средина и природата се грижи и самиот град Скопје и општините одделно, па така ова е јасен доказ дека градот Скопје на чело со градоначалникот Петре Шилегов не мрднуваат со прст за заштита на животната средина, а уште помалку за симболот на градот, реката Вардар.

Иако граѓаните бараат одговорните веќе да излезат на терен и да се фатат за работа, тие велат дека никој никогаш не виделе, уште помалку Секторот за заштита на животната средина да е на терен.

Секторот инаку е надлежен за вршење заштита и преземање на мерки и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, заштитата на природата, заштита од бучава и нејонизирачко зрачење на подрачјето на градот Скопје.

„На социјалните мрежи инаку граѓаните коментираат дека има начин, но само треба волја и интерес од тие што се одговорни за нашиот град“, од нас за нас, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Најнови вести