Алијанса за Албанците денеска одржа Централно Собрание на кое беa разгледувани на резултатите од одржаните локални избори, како и формирањето на комисија која ќе биде одговорна за организирање на партискиот конгрес.
Претседателот на партијата, Зијадин Села, во изјава за медумите најави дека редовниот изборен конгрес партијата треба да го одржи на 27 март, наредната година, на кој ќе се одлучува за лидерството во претстојниот четиригодишен период.
-Секогаш во Алијансата за Албанците со зборува отворено, се критикува отворено. Од овој процес се надевам дека секој член добро ќе ја сфати лекцијата и при организирање на новиот конгрес ќе излеземе уште посилни, вели Села.
Села посочи дека нема да поднесе оставка од функцијата претседател на Алијанса за Албанците, а за тоа дали повторно ќе се кандидира за лидерската позиција, вели, ќе одлучуваат партиските структури.