Семејството на Стефан Богоев купило имот со маркица за хотел на 4 спрата на самиот брег на Беровско езеро по цена од 400 денари за м2, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Имотот на Богоев се простира на над 7 илјади метри квадратни на самиот брег на езерото, и на истиот има маркица, а градба на хотел. Со хотел на таа површина Богоев буквално ќе го монополизира езерото.
Сето ова се случува на неколку дена пред локалните избори минатата година кога од страна на членови на семејството Богоев е купено земјиштето, а веќе е регистрирана и фирма.
Институциите да истражат како Богоев од градоначалнил на Карпош станува потенцијален инвеститор во хотел преку неговото семејство.
Имотот кој го купува Богоев се наоѓа во општина каде локална власт е СДС, каде што самиот Богоев е потпретседател.
Ја повикуваме ДКСК и ЈО да отворат случај, и да не го амнестираат Богоев по примерот на дезертерот Ковачевски, додаваат од партијата.