И понатаму се бориме за зачувување на македонската историја, за задолжителен предмет Историја, вели пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Велика Стојкова Серафимовска.
-Ќе продолжиме до доцните часови бидејќи Македонија и македонската историја тоа го заслужуваат од сите нејзини граѓани. За жал колегите од СДС ја предадоа и продадоа историјата на нивните штетни политики, пишува таа на Фејсбук.