недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Сериозни обвинувања за општина Штип и АХВ: Направиле договор со ветеринарите кои убиваа кучиња? (Вознемирувачко фото)

Сериозни обвинувања за општина Штип и АХВ: Направиле договор со ветеринарите кои убиваа кучиња? (Вознемирувачко фото)

Општина Штип се пофали со новоотворена локација за третман на бездомните животни, за која се потрошени 1 милион денари од буџетот на општината, лимени боксови – целосно неадекватни за намената на која треба да служат, кои во лето ќе бидат вжештени од температурите, а каде животните е потребно да бидат хумано третирани и сместени постоперативно; изолирано место со кафези кои во ниту еден сегмент не го исполнуваат стандардот дефиниран со  Правилник за технички услови на прифатилишта.

Ова се наведува во реакцијата на Анима Мунди во која има сериозни обвинувања.

Нивното соопштение, Ви го пренесуваме во целост:

Прашуваме дали Агенцијата за храна и ветеринарство има издадено одобрение за оваа лимена градба , а доколку имаат тоа го сметаме за скандалозна одлука со која се руши нивниот кредибилитет, која правно ќе бараме да се оспори!

Дека е во план хуман третман, не веруваме во ниту еден случа,ј сега откако е информирано со која ветерина станица е договорен третманот на животните. Со договор склопен во четири очи, без тендер, Ветеринарна станица ДОО Штип спроведува наводен хуман третман на бездомните кучиња.

ОВА СЕ ИСТИТЕ ТИЕ ЗА КОИ ИМАШЕ СВЕДОШТВА И ДОКАЗИ, кои ги пријавивме за брутално и масовно убивање на кучињата пред неколку години! ФОТОГРАФИИТЕ ПОВТОРНО за да ја потсетиме јавноста што се случуваше во градот, кога „за хуман третман “ на Штипските кучиња беше задолжен Крсте Митев и ветеринарна станица ДОО Штип!

Компромитирани ветеринари на кои наместо најстрого да им се суди, наместо да дозволата за работа им биде одземена за трајно, повторно ќе им судат на животните! БАРАМЕ ИТНО РАСКИНУВАЊЕ НА СИТЕ ДОГОВОРИ направени на исклучително нетранспарентен начин помеѓу општина Штип и ветеринарна станица, ревизија на истите! БАРАМЕ АХВ и Ветеринарна Комора да ја ревидираат можноста вакви ветеринари да работат воопшто, откако сториле дело казниво со закон!

Со вака нарушената репутација оваа ветеринарна станица не смее да биде земена во предвид. Му порачувамена Крсте Митев да ги тргне рацете од кучињата затоа што јавноста не е слепа и ќе бараме одговорност за секое убиено куче!

 

Најнови вести