среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шамбевски до Пендаровски: Како човек кој е левичар потпиша закон за работни односи со кои се зголемуваат работните часови на 60?

Шамбевски до Пендаровски: Како човек кој е левичар потпиша закон за работни односи со кои се зголемуваат работните часови на 60?

Борис Шамбевски, претседател на Градскиот комитет на УМС на денешната конференција на Претседателскиот центар за политичко образование го праша претседателот на државата Стево Пендаровски како човек кој е левичар по своите убедувања потпиша закон за работни односи со кои се зголемуваат работните часови од 40 на 60 часа неделно, како и со кој експерти се консултирал.

-Моето прашање е до претседателот Пендаровски дали како човек кој е левичар по убедување и кој заради функцијата претседател имал моќ да ја спречи прокламацијата потпиша онаков закон за работни односи. Дали ви беше незгодно господине претседателе и моето втор прашање е со кои експерти се консултиравте по ова прашање. Убаво е јавноста да знае бидејќи беше и се уште е поларизирана по ова прашање, праша Шамбевски.

Пендаровски одговори дека го потпишал законот за работни односи бидејќи во неговата формулација не стоеле 60 работни часа.

-Го објаснував ова кога го потпишав законот направив цела прес конференција и со кого се консултирав и зошто сум го потпишал законот. Ај да повторам уште еднаш. Значи минатата година при тогашните промени на законот за работни односи беше вметната одредба за 60 часа работна недела. Уставниот суд ја оспори во тој член 12 таа одредба, односно утврди дека е не уставна и кога видов дека во предлог законите поврзани со инвестицијата на Бехтел и Енка за автопатиштата, постои истата формулација, предвреме им реков на луѓето во владата кои се предлагачи не го правете тоа, бидејќи ќе морам да ја почитувам одлуката на Уставен суд, дури и да потпишам Уставниот суд не може да оди наспроти својата одлука. Значи јасна е работата, вели тој и додаде:

Притоа за законот за работни односи друг забелешки немаше кои мене би ме натерале да размислам два пати да не го потпишам. Зборувам за забелешки од синдикати, невладини организации кои се бават со работнички права. Ако имаше некои други можеше да збориме. Клучната работа беше околу тоа 60 часа работна недела по работник неделно. Таа формулација сега не постои и затоа го потпишав тој закон. Значи мојот указ за да важи законот за работни односи овој последниот нема никаква врска со надзорниот одбор кој што треба да следи што се случува при изградбата на автопатите. Значи указот не е за тоа, туку само за работните обврски, изјави Пендаровски.

Најнови вести