петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шарл Мишел следната недела во посета на Подгорица, Скопје и во Приштина

Шарл Мишел следната недела во посета на Подгорица, Скопје и во Приштина

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, следната недела повторно ќе престојува во официјална посета на Западен Балкан, и притоа ќе ги посети Подгорица, Скопје и Приштина, јавија српски медиуми повикувајќи се на информација на Танјуг.

Тоа ќе биде втор дел од „балканската турнеја“ на Шарл Мишел. Тој ја посети Србија, Албанија и БиХ во периодот од 19 до 21 мај.

Претседателот на Европскиот совет најави дека ќе ги покани лидерите од Западен Балкан, во соработка со Франција, како земја претседавач со Советот на ЕУ, на средба со лидерите на ЕУ на 23 јуни во Брисел, за идејата за формирање Европска геополитичка заедница.

Мишел предложи земјите од Западен Балкан да бидат дел од новиот формат што ќе работи на доближување и зајакнување на соработката меѓу европските земји во решавањето на заедничките предизвици, промовирање на мирот, стабилноста и безбедноста на заедничкиот континент.

Најнови вести