сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шекеринска лаже! „Република“ не се извинила и нема да се извини!

Шекеринска лаже! „Република“ не се извинила и нема да се извини!

„Република“ ги измешала конците и се извини – вака гласеше изјавата на потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска во вечерашното ТВ дуел со нејзиниот колега од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. И Шекеринска повторно лаже. Јавно, на телевизија, во дебата, таа изнесува невистини, зборува лаги…, објвавува Република.

Малку безобразно од ваша страна. Некој тука ги измешал конците, но тоа не сме ние, госпоѓо Шекеринска. Очигледно Вие сте ги измешале конците. Еве повелете, посочите кога, на кого, во која ситуација сме се извиниле? Ви тврдиме дека очигледно „Република“ ви е болната точка. Се обидувате постојано со закани, уцени и казни да не замолчите. Како партија изнесовте многу невистини за „Република“, говоревте пред вратата на редакцијата, раскажувавте приказни, во која, веројатно, намерно ги измешавте конците. И замислете вие не сте мислеле за нашата „Република“, случајно вашите сопартијци ги пративте тука. Епа госпоѓо Шекеринска тоа е разкажување приказни за јавност прикажувајќи ги работите како што вие сакавте да бидат, а не како што реално се… Но и тоа не не замолчи! Нема да не замолчат вашите закани, вашите лаги и обиди за притисок врз медуим кој е критички настроен кон работата на власта.

Каде е сега вашиот тим за лажни вести да ја санкционира вашата лага?! Или лага е само она што не и одговара на Власта.

Уште еднаш, да не разберете погрешно, па повторно да мислите дека ви се извинуваме за нешто. Не госпоѓо Шекеринска, не сме се извиниле. Особено не сме ви се извиниле вам. Да, наша обврска е да објавиме демант и тоа го правиме секогаш кога вие или било кој друг ќе испрати реакција за објавен текст. Но објавувањето на демантот е дел од нашиот професионален настап, а не некакво признание дека објавениот текст е лага. Значи некој лаже, а воопшто не е исклучено дека вие лажете во демантот. Но ние професионално и етички го објавуваме и тоа, па дури и кога со сигурност знаеме дека лажете во него. Но да расчистиме некои работи. Објавувањето на демантот не е извинување. Демантот е став на споменатата страна во одреден текст. Демантот не е ниту извинување, ниту вистина. И самата знаете колку неискрени деманти сте испратиле до нашата редакција… Како, на пример, вашиот демант откако го објавивме исказот на сведокот од случајот „Рекет“, за кој дури и обвинителката потврди дека е веродостоен… Е тогаш вие лажевте, ама ние демантот ви го објвивме.

И тогаш госпоѓо Шекеринска искоментиравме… толку многу гнев во една навидум кревка жена… Жално. И денеска повторно истото го мислиме! Толку многу гнев и толку многу невистини. Нејсе, ваши се!

Најнови вести