Го знаете ли терминот пробен балон? Ете тоа на македонскиот народ му го прават овие денови Радмила Шеќеринска и нејзиниот шеф Зоран Заев. Иако се уште ни одекнуваат неговите остри зборови упатени до ДУИ дека нема шанси за премиер Албанец, само еден ден подоцна прво тој пушти ишарет кажувајќи дека не е важно дали премиерот е Албанец, за вечерва и Шеќеринска во дебатна емисија да им се додворува на македонските Албанци, со пораката дека воопшто не било важно од која националност ќе биде идниот премиер на Македонија.
„Јас мислам дека конечно е време да се сконцентрираме на граѓаните. Кога ќе чукнете во Инфективна клиника, не е воопшто важно дали ве лечи Милена или Имер. Да се фокусираме на луѓето и да ги оставиме партиските препукувања. Дали идниот премиер ќе биде Македонец или Албанец, тоа воопшто не е важно“, релативизираше Шеќеринска.
Го знаете ли терминот ДЕМАГОГИЈА? И уште поважно, ако го заокружите на гласачкото ливче бројот пред СДСМ, знаете ли воопшто за кого гласате? Кој ќе ја води вашата држава? Или, што би рекла Шеќеринска, зарем е важно?