Следната недела германскиот канцелар Олаф Шолц ќе го посети Западен Балкан, при што е најавена негова посета и на Македонија на 11 јуни.
Како што се наведува во официјалната агенда на канцеларот, на 10 јуни тој ќе биде во Косово и Србија. На Косово е планирана негова посета на германските трупи во КФОР.
Канцеларот потоа на покана на грчкиот премиер ќе отпатува за Солун на вечера со земјите од регионалната иницијатива „Процес за соработка во Југоисточна Европа“.
На 11 јуни пак го продолжува својот пат кон Југоисточна Европа, при што се очекува претпладне да стигне во Македонија претпладне, а последната станица на патувањето е Бугарија.
Притоа, како што се наведува во неговата агенда, во фокусот на патувањето е ЕУ перспективата на земјите од Западен Балкан и придонесот на Германија за подобрување на регионалната соработка.