Гласноговорникот на СДСМ, Бранко Тричковски често шири говор на омраза, но никој не реагира за тоа. Напротив, тој дури е поддржан од штабот на СДСМ и Заев, кои молчат и не го осудуваат откако со некои вакви статуси ќе ја разгневи македонската јавност.
Најнов во низата говори на омраза е оној во кој Тричковски порачува: Мицкоски да умре….
Неговиот Фејсбук статус, со ужасна содржина го пренесуваме во продолжение:
„Што ќе се случи ако умре Христијан М.
Од корона или од запаление на слепото црево, од излив на мочка во черепот или од некоја друга смрт.
Од куршумот на некој клет душманин.
Може саксија да му падне врз главата или да ја промаши, Христијан М со точка, се разбира, не саксијата, дупката во Триумфекалната капија и да удри во подножјето на македонскиот славолук на поразите.
Што смрди на кучешка урина.
И на пијандурска мочка.
Значи, што ако човекот умре!?
Прашањето е многу сериозно и затоа предлагам да не се задржуваме на вообичаените тралалајки за тоа дека ќе се соочиме со празнина која никој нема да може да ја пополни, блаблабла…На деновите на националната жалост или радост и така натаму. Освен таа дупка, што уште ќе значи за екипата на велепредавничките Патриоти, заминувањето и на балканскиот Гостоковски по бегството на прилепскиот Брејди во Будимпешта.
Државата може да го послуша Кикифрики и да одреди најстроги протоколи за заштита на ова национално богатство, но токму тие протоколи треба да ги предвидат и најлошите варијанти.
Значи, што ако Христијан М. не напушти!?
Ќе чека ли нацијата некаков конгрес на вмро-дпмне, во Солун или во Горна Џумаја, каде било во Македонија, да бира нов претседател, нов лидер. Ќе чека. Добро, ќе чека, но времето нема да чека и не чека. Пред кого ќе одговара Заев. Му ветија на човекот дека ќе одговара. Сите, па и вмро треба да бидат одговорни спрема преземените обврски.
Читате ли вие какви паралели влече Кикифрики: ако некој македонски Освалд односно Ќосевалд, го устрели во Струмица на улица, во авионот со кој ќе го носат неговото тело во Скопјанг, нашиот Линдон веќе треба да положи заклетва над камата и револверот и водечкото мото: смрт или слобода со важна предност за смртта.
Тоа не е само прашање на вмро, тоа е прашање за Македонија. Татковината не смее да остане ниту една секунда без високото лидерство на револуцијата која тече у курац. И затоа, нашиот Линдон мораме да го знаеме веднаш. Не би сакал да се мешам во внатрешните работи на вмро, дури не и на нацијата, но, можеби ќе ми се дозволи едно сосема необврзувачко мислење: Кикифрики би бил добар Џонсон. Не се заебавам. Кикифрики би бил толку добар Линдон што во тоа име Христијан М може да посака да отиде во посета на Струмица. Има Македонија виетнами за бомбардирање“-пишува тој.