петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Штипскиот Универзитет ќе донира 500 илјади денари за настраданите во Турција

Штипскиот Универзитет ќе донира 500 илјади денари за настраданите во Турција

Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип ќе донира 500.000 денари хуманитарна помош за погодените делови во Република Турција.Оваа одлука беше донесена на денешната седница на Универзитетскиот сенат.

Од Универзитетот информираат дека паричната хуманитарна помош, во координација со амбасадата на Република Турција, ќе биде уплатена директно на Државната агенција за управување со кризи и итни состојби при турското Министерството за внатрешни работи.

Покрај ова, универзитетот донесе одлука и за продолжување на сесијата за студентите од Република Турција.

-Согласно актуелните катастрофални настани што се случија во Р. Турција, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ќе им излезе во пресрет на странските студенти, така што ќе се продолжи испитната сесија за студентите од Р. Турција, до 30.03.2023 година во која ќе важат сите пријави од февруарската испитна сесија кои не се реализирани, соопштуваат од универзитетот.

Воедно денеска, универзитетскиот сенат го промени и распоредот за подготвителна настава на македонски и англиски јазик за странски студенти, со цел да им излезе во пресрет на бројните студенти од Турција кои студираат на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Освен тоа, универзитетот ќе им излезе во пресрет на странските студенти, така што ќе се одложи почетокот на настава до 20.02.2023 година за сите групи.

-Наставата ќе започне и ќе се одвива онлајн од 20.02.2023 до 20.03.2023 година, а потоа ќе се продолжи со физичко присуство известуваат од високообразовната установа.

Оттаму додаваат дека наставата со физичко присуство ќе се продолжи во јуни онолку колку што треба (една или две недели). Испитните рокови ќе се прилагодат со новите рокови, така што ќе биде изготвен нов календар за оваа група студенти, се вели во оваа одлука.

Најнови вести