Мисијата на тимот штипски пожарникари во Турција успешно завршена, во разрушените објекти, кои им биле дадени за спасување на луѓе, но и извлекување на починатите станари под урнатините, кои зад себе ги остави катастрофалниот земјотрес во Турција. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев вели дека одлуката за враќање на македонските пожарникари спасувачи треба да ја донесе Дирекцијата за заштита и спасување и официјална Анкара. Во текот на денот ќе знаат дали мисијата продолжува или ќе се вратат.
-Разрушениот објект што ни беше даден веќе ги завршивме и сега под водство на Дирекцијата за заштита и спасување и официјална Анкара очекуваме да кажат дали ќе има наше повлекување или ќе одиме на некој друг објект. Можно е утрешниот ден веќе да тргнеме за Македонија, но сепак ќе одлучат Дирекција за заштита и спасување и официјална Анкара, вели Коцев.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов е задоволна од пожарникарите кои заминаа за Турција. По нивното враќање во државата градоначалникот Јорданов најави нивен прием, бидејќи во тешки моменти помогнале на настраданото население во Турција.
-Па како граѓани кои недвосмислено веднаш се одзваа на повикот, заминаа за да помогнат на најпогодените подрачја, со целата нивна одлучност, храброст, солидарност и хуманост која ја покажаа ја должиме почитта кон нив и како град сигурно дека јас како градоначалник ќе организирам прием, за да ги достоинствено пречекаме и да им се заблагодариме за се она што го направија и помогнаа во вакви тешки моменти и помогнаа на најпогодените подрачја во Турција, вели Јорданов.
Штипскиот тим пожарникари на 9 февруари пристигнаа во градот Адијаман во Турција, каде на терен беа од утро до мрак. Во петокот учествуваа во акција во која се спаси 38-годишна жена која неколку дена била под урнатините. Работеа на објект кој беше разрушен и се извадија голем број мртви тела.