Доколку Џафери си ја стави во фиока сопствената интерпелација тогаш тоа е таа демократија. Ние сакаме да го видиме и тоа лице, да видиме што ќе се случува во наредниот период, ова го изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во дневникот на ТВ Сител.
-Ако Талат Џафери не дозволи за себе да се разговара во собранието, нели он е првиот меѓу еднаквите! Се случи во минатото за Маричиќ интерпелацијат да влезе во фиоката на Талат Џафери, мислам дека за Љупчо Николовски, можеби и за Венко Филиче, но сето тоа беше политички да не се расправа, да не се отвара таа тема. Талат Џафери и да не ја отвори ние секој ден ќе потсетуваме во собранието што он направил, што правел и што прави во собранието. Ние сме свесни како партија дека цела пратеничка група на СДСМ, ДУИ и сите останати ќе го бранат Џафери од петни жили и знаеме зошто, за да останат заедно гушнати во власта бидејќи еден да падне од ДУИ, паѓа целата влада, истакна Мисајловски.
Тој потенцираше дека СДСМ ќе се потруди Џафери да остане на позицијата на која се наоѓа.