вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Што сè станува двојазично: Униформи, пари, органите на државната власта, правосудството, нотари, гранични премини…

Покрај воедначувањето на албанскиот јазик на целата територија на Република Македонија, со македонскиот, член 8 од овој закон предвидува  парите, и книжните и кованите, да содржат симболи кои ќе го отсликуваат албанското културно наследство. Двојазични, според овој член од законот, стануваат и поштенските марки и бандеролите.
Што сè станува двојазично: Униформи, пари, органите на државната власта, правосудството, нотари, гранични премини…

Албанскиот јазик, согласно член 1 став 2 од законот за двојазичност официјално станува службен јазик на целата територија на Република Македонија. Тоа подразбира дека двојазични во иднина, според овој закон, се сите  органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, според член 1 став 3 од законот.

Деталната анализа за што тоа ќе значи употребата на двојазичноста во сите нивоа на власта, дава член 2 став 3, кој вели дека албанскиот јазик ќе се употребува во комуникацијата и постапките пред сите органи што ја сочинуваат државната власт, како Собрание, Претседател на Република Македонија, влада, судствo, Jавно обвинителство, Уставен суд, Народен правобранител, ДИК, образованието, здравството, финансиите, економијата, нотаријатот, извршителите,  полицијата, радиодифузијата, буквално во секој еден  сегмент од општествено економското работење на државата.

Покрај воедначувањето на албанскиот јазик на целата територија на Република Македонија, со македонскиот, член 8 од овој закон предвидува  парите, и книжните и кованите, да содржат симболи кои ќе го отсликуваат албанското културно наследство. Двојазични, според овој член од законот, стануваат и поштенските марки и бандеролите.

Дополнително став 3 од член 8 предвидува униформите на полицијата, пожарникарите и здравствените работници да бидат исто така двојазични.

Член 9 ја разработува употребата на албанскиот јазик во целиот правосуден систем, судството и обвинителството, кој исцрпно регулира како албанскиот јазик, буквално се изедначува со македонскиот јазик во употребата во постапките пред правосудните органи.

Следниот член од законот ја разработува употребата на албанскиот пред нотарите и извршителите. Тоа практично ќе значи дека сите нотари и извршители во државата ќе мора да имаат вработени кои зборуваат албански јазик. Двојазични со новиот закон стануваат и седниците на ДИК.

Обврска со новиот закон за двојазичност имаат и граничните премини во државата, кои треба да постават двојазични табли при влез во државата.

За имплементација на законот е предвидено  и формирање на Агенција, која е задолжена за помош во преводите, лекторирање и промовирање на албанскиот јазик. Агенцијата ќе пишува извештаи и ќе ја информира владата за постапката на имплементација на  законот.

Покрај Агенцијата, ќе се формира и Инспекторат, кој ќе врши санкционирање на недоследната примена на албанскиот јазик, истиот ќе може да изрекува глоби во износ од 4000 до 5000 евра за неправилна употреба  на јазикот.

Најнови вести