Штом СДСМ не гледа ништо лошо во потегот на Рама за средба во Тирана на албанските политички лидери од Македонија, очекувам деновиве Ковачевски да го следи неговиот пример и да организира средба во Скопје со македонските политички лидери од Албанија, Грција, Бугарија и Србија.
Особено ме интересира реакцијата на официјална Бугарија и Грција кога ОМО Илинден Пирин и Виножито би се координирале со македонски премиер, коментира на социјалната мрежа на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.