петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Штрајкот на М-НАВ одложен, авионскиот сообраќај се одвива редовно

Штрајкот на М-НАВ одложен, авионскиот сообраќај се одвива редовно

Постигната е согласност да се работи на отворените прашања од страна на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ), на состанокот одржан во Министерството за транспорт и врски, со претставници од Синдикатот на М-НАВ (ССКЛ) и менаџментот на претпријатието за вршење на дејноста давање на услуги на воздухопловната навигација, М-НАВ АД Скопје, информираат од Владата.

Со тоа е овозможено авионскиот сообраќај да се одвива редовно. Во меѓувреме се продолжува со координациите во ресорното министерство, со цел целосно реализирање на преземените обврски од двете страни.

-Владата на Република Северна Македонија смета дека потпишаниот колективен договор, одлуката за ангажирање консултантска фирма којашто професионално ќе изврши функционална анализа за подобрување на функционирањето на претпријатието, како и согласноста за подигнување на нивото на транспарентноста за сите прашања и изработка на студија којашто ќе ги даде идните правци за развој на претпријатието покажува дека низ функционален дијалог се можни решенија, се вели во соопштението на Владата.

Најнови вести