сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска Давкова: Реформа не е можна за 10 месеци, ако во последна година зборувате за реформи значи дека досега не сте ги направиле

Силјановска Давкова: Реформа не е можна за 10 месеци, ако во последна година зборувате за реформи значи дека досега не сте ги направиле

Промени во влада во последната година од мандатот се прават обично при избивање на голем скандал, затоа што е многу ризично, ако во последната година зборувате за реформи значи не сте направиле никакви реформи изминатите години, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на денешната собраниска седница.

– Да дадам еден пример како што требаше да направите. Заменик министерот за внатрешни работи кој глумеше шеик на Босфорот, ако го разрешевте, бидејќи министер не смее да земе повеќе од 100 евра или ниту едно евро. Колегите од странство викаат дека ваков скандал би предизвикал пад на владата во истиот момент, изјави таа.

Силјановска Давкова потенцира дека е опасно да се менуваат министри во последната година.

– Ако нема ефикасна влада, ако нема квалитетна влада, ако премиерот не си го познава и не му верува на тимот тогаш во игра се пазарни механизми. Зошто се откажувате за тие кои викате дека се најдобри и влегувате во неизвесност на игра која не ја диктирате вие туку некој друг, изјави таа.

Силјановска Давкова изјави дека оксиморон е да тврдите дека реформа е можна за 10 месеци. Такво нешто немало, реформата е процес што тече, за 10 месеци ништо не може да се направи

– Во владата има сериозни проблеми и притисоци, премиерот не може да си го управува тимот. Овие тука се само субјекти на партиски пазар, рече таа.

Најнови вести