среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска Давкова: Во правично општество никој не смее да биде оставен сам, ниту еден живот не е помалку вреден од другите

Силјановска Давкова: Во правично општество никој не смее да биде оставен сам, ниту еден живот не е помалку вреден од другите

По повод Меѓународниот ден за подигање на свеста за аутизмот кандидатот за претседател на Република Македонија, професорката Гордана Силјановска Давкова оствари средба со дефектолог.

-Меѓународниот ден за подигање на свеста за аутизмот  е само потсетување на секојдневната грижа на родителите, семејствата, училиштата и целото општество. Не е доволно да го одбележиме денот, и утре да го заборавиме, појасни Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова потсети дека во правично општество никој не смее да биде оставен сам, ниту еден живот не е помалку вреден од другите. Светот чекори напред со овозможување третмани и пристап до асистивни технологии кои им го олеснуваат животот на овие лица со посебни потреби, овозможувајќи им учество во животот на заедницата и поквалитетен живот.

-Солидарноста е основа на секое правично општество. Ќе сторам се’ во мојот мандат да потсетувам на реалните проблеми и на начините за нивно надминување. Аутизмот не е дефиниција на личноста, личноста е многу повеќе од тоа. Луѓето не треба да страдаат затоа што се различни, но страдаат од начинот на кој ги третира општеството, истакна Силјановска Давкова.

Најнови вести