Се ближи денот кога ние мислиме дека ќе блесне слободата, не само во Велес, туку низ сета Македонија, зошто нашата победа ќе значи пораз на нивните немакедонски, ненационални и антимакедонски политики, ако воопшто тоа може да се нарече политика, ова вечерва од митингот во Велес го истакна кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.
-На 21 април мислам дека и изборно ќе ги делегитимираме, се разбира тие се одамна делегитимирани оти нелегитимно е нешто да сторите за што не сте го добиле мандатот на изборите, прелистајте ги нивните програми, никаде нема да најдете дека бараат дозвола од народот за да го сменат името и тоа не само за меѓународна употреба, туку и за дома, ќе одговараат еден ден. Но најстрашно е не кога одговарате пред судот, туку пред народот, оти тоа ќе ги боли, оти неморално е она што се случува, не етички е тоа што се случува. Бидејќи нели идентитетот ни бил сочуван, загарантиран, па што е химната ако не е дел од историскиот и националниот идентитет, од деца сме растеле со неа, сме се радувале, почитувале…никогаш нема да ги заборав летувањата или зимувањата во детството кои секогаш почнувале со интонирање на химната и најдобриот претходниот ден го кревал знамето и се поклонувал пред химната и сега кои се тие после толку години уживање во македонскиот идентитет сега да ни ја забранат и најсветата песна химната, срамота, потенцираше Силјановска.
Таа додава дека по победата на 21 април ќе се отвори пат за предвремени парламентарни избори.
-Новото парламентарно мнозинство и новата влада нема да бара од нас да ги заборавиме зборовите на химната или во себе да си ги говориме и да тагуваме, со нас ќе ги пее, со нас ќе го вее знамето, со нас ќе го изговара светото име со кое сме израснале, а Северна нека си изговараат и пишуваат тие, но тоа не е нашето име. Целата власт ја грабнаа, а само онаа претседателската која не е во нивни раце целосно ја игнорираат, ја суспендираат и узурпираат, бидејќи од почетокот на преговорите за Преспанскиот Договор претседателот иако е првиот во меѓународната политика, го тргнаа, зошто? Бидејќи тој не би се согласил на потпишување на таков договор, вели Силјановска.
Целиот митинг кој се уште е во тек можете да го погледнете во продолжение: