петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска пријавила дека во штабот на Пендаровски видела државен службеник

Силјановска пријавила дека во штабот на Пендаровски видела државен службеник

Професорката Гордана Силјановска која беше кандидат за претседател на ВМРО ДПМНЕ, пријавила во Антикорупциска комисија дека во штабот на избраниот претседател Стево Пендаровски за време на изборна кампања видела државен службеник во рамки на работното време и поднела документација за тврдењата.

Антикорупционерите соопштија дека станува збор за лице ангажирано од Министерството за финансии. Како што беше речено на седницата, лицето не било вработено како државен службеник во Министерството, туку ангажирано за консултантски услуги за конкретен проект, пренесе Фокус.

Ставката на Силјановска е одбиена зошто лицето немало статус на административен службеник.

Најнови вести