среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Симпатизерката на СДСМ која пропагираше „живот за сите“ и верба во СЈО, станува дополнителен заменик министер во МВР

Симпатизерката на СДСМ која пропагираше „живот за сите“ и верба во СЈО, станува дополнителен заменик министер во МВР

Кога ја прогласи СДСМ за фаворит на претстојните избори и покрај бројните анкети кои го докажуваат спротивното, премиерот Зоран Заев ги објави и имињата на кадрите за техничката Влада, поставени од СДСМ.

За дополнителен заменик министер во МВР е избрана Славјанка Петровска, досегашен шеф на кабинет на Оливер Спасовски.

Таа на јавноста е позната само ако некој ја следи на социјалните мрежи. Со оглед на фактот дека Спасовски важи за еден од најнеуспешните министри за внатрешни работи, јасно е и колку има сработено шефицата на неговиот кабинет.

Токму преку нејзините он-лајн објави, Славјанка Петровска го покажува својот профил на партиски симпатизер кој очекувал „живот за сите“ и голем поддржувач на СЈО водено од обвинетата за „Рекет“, Катица Јанева.

Петровска јавно била критичар на минатата власт само преку социјалните мрежи, но како шефица на кабинетот на Спасовски, не може да се пофали дека на дело дејствувала нешто да се промени.

И како и многумина други активни партиски поддржувачи, така и Славјанка Петровска, од Заев добива награда-унапредување во работна позиција. Од шеф на кабинет, таа станува дополнителен заменик министер во МВР.

Погледнете какви ставови објавуваше таа на социјалните мрежи:

 

Најнови вести