сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Симулациска вежба за евакуација на ученици по сообраќајна незгода и предизвикан пожар

Симулациска вежба за евакуација на ученици по сообраќајна незгода и предизвикан пожар

„Евакуација на ученици по случена собраќајна незгода и предизвикан пожар“ беше тема на денешната симулациска вежба на општинската организација на Црвениот крст – Струга во соработка со полицијата, пожарната и Општата болница.

Вежбата се одвиваше во дворот на средните училишта на „Ибрахим Темо“ и „Нико Нестор“. Волонтерите од Црвен крст со два тима симулираа реанимација, како и изгореници од настанат пожар, спасување и евакуација на повредени лица во школски автобус по случена сообраќајка.

Активностите, според секретарот на Струшкиот Црвен крст, Адуриме Даути, се по повод Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина – 8 мај и во пресрет на Денот на пожарникарите – 20 мај.

– Целта на вежбата е проверка на процедурите за евакуација во работната организација, како и успешниот настап од пожарникарите, кои го подготвија теренот за пристап на волонтерите на Црвен крст, истакна Даути.

Најнови вести