недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Синадиновска Арсовска: Сѐ уште немаме слух од владата за нашите барања! (ВИДЕО)

Синадиновска Арсовска: Сѐ уште немаме слух од владата за нашите барања! (ВИДЕО)
МИА

Марија Синадиновска Арсовска од иницијативниот одбор на рестораните кои организираат настани вели дека од ввадата се уште нема слух за нивните барања

– Иако го имавме предупредувачкиот штрајк во петокот сѐ уште немаме слух од Владата за сите наши барања, вели Марија Синадиновска Арсовска за Радио Лидер.

Најпогодени од оваа криза се рестораните кои организираат веселби. Ова го истакна гостинката Арсовска која кажа дека инцијативниот одбор се залага за рестораните да организираат настани, но не само тоа туку и ноќните клубови, музичарите, шминкерите и други.

Таа додава дека веќе една година се без протокол за работа, односно од 15-ти март. Вели дека се загрозени околу 6000 луѓе во оваа дејност и додава дека нивната дејност е комплетно забранета.

– Нашата дејност е комплетно забранета за да може да почнеме со работа. Тоа е иницијативата за излегување на улица. Излеговме во петокот, ќе продолжиме на улиците од средба, па натаму, завршува Синадиновска Арсовска.

Најнови вести