Сојузот на синдикати на Македонија утре со почеток од 13 часот ќе излезат на протест. Својата сериозна намера дека не отсптауваат од барањето минималната плата да е 18.000 денари ќе ја искажат така што ќе го сопрат сообраќајот на улицата „Димитрие Чуповски“ каде всушност се наоѓа и Организацијата на работодавачи и Стопанската комора.
Излегување на протест го потврди за Телма, претседателот на ССМ, Дарко Димовски. Пресметките на ССМ покажале дека со новата методологија која вчера ја понудиле работодавачите минималната плата би била 16.164 денари што за нив се неприфатливи. Ако во 16 часот не се прифатат нивните барања, почнуваат со генерален штрајк.