вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сите вработени во МВР ќе добијат парична награда, еве по колку им следува на сите

Сите вработени во МВР ќе добијат парична награда, еве по колку им следува на сите

Благодарност за вработените во Министерството за внатрешни работи кои даваат исклучително голем придонес во справување со пандемијата од КОВИД-19!

☑️ Денес потпишав и до Владата ќе доставам уредба со која се предвидува награда од 15.000 денари линеарно и еднократно за секој од нив.

✔️ Уредбата ги опфаќа сите полициски службеници, вработените во управните служби и останатиот административен персонал во Министерството за внатрешни работи кои целиот овој период неуморно и пожртвувано даваат се од себе во првите редови во справувањето со коронавирусот.

? Немам никаква дилема дека тие со својот труд и ангажман го заслужуваат ова и очекувам Владата на првата наредна седница да ја усвои оваа уредба. Здравјето и животот на вработените се наш исклучителен приоритет и цврсто сме посветени на процесот на вреднување на нивниот придонес во остварување на целите на Министерството за внатрешни работи.

Фејсбук статус на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Најнови вести