Во гасењето на пожарот во атарот на селото Горно Мелничани во општина Центар Жупа, од утрово вклучени се два хелкоптера, кои со вода се снабдуваат од Дебарско Езеро. Тоа е по барање на градоначалникот Аријан Ибраим, поради ширењето на пожарот кој до сега има опожарено над 15 хектари високостеблеста букова шума.
Пожарот, кој вчера беше ставен под контрола повторно се распламти на што влијаеше и ветерот, осебно во ноќните часови.
-Во неговото гасење се вклучени и над 100 лица, од противпожарната единица во Дебар и Гостивар, припадници на полицијата, специјалната полициска едница за брзи интервенции, од подружницата на „Национални шуми, како вработени од општината, изјави за МИА, Џетан Мифтароски, командир на дебарската територијална противпожарна единица.
Според првичните сознанија, пожарот што избувна завчера попладне околу 17:00 часот најпрво се појавил во бараката каде што престојувале дрвосечачи, кои во моментот не биле тука и се проширил. Во врска со овој настан, полициските службеници лишиле од слобода осум лица, од нив шест од Куманово и две од Република Албанија. Разговор е извршен со уште едно лице од селото Броштица, вработено во
„Национални шуми“.