петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СКАНДАЛ: Разрешената директорка во градинката во Автокоманда набавила машина за перење алишта по цена од 4000 евра (документи)

СКАНДАЛ: Разрешената директорка во градинката во Автокоманда набавила машина за перење алишта по цена од 4000 евра (документи)
илустрација

Нов скандал ја тресе детската градинка Детска радост од скопска Автокоманда, која изминатиот период е актуелна во јавноста по разрешувањето на директорката за работење спротивно на Закон, утврдено со ревизорски извештај.

До редакцијата на Курир пристигнаа документи кои говорат за ново прекршување на Законот за јавни набавки, но отвораат сомнеж и за сомнително извршени набавки.

Детската градинка Детска радост на 19.12.2022 година склучила договор за јавна набавка за машини за перење на алишта. Во набавката се набавени три машини по рекордна цена од 265.000 денари по машина без ддв, или вкупно 938.100 денари за сите три машини со вклучено ддв.

Тоа би значело нешто повеќе од 4000 евра за една машина за перење алишта.

Дополнително што фрла сомнеж на оваа јавна набавка е тоа што во Планот за јавни набавки за 2022 година кој е задолжителен согласно Закон, оваа јавна набавка воопшто не е предвидена за реализација, а истата се реализирала.

За скандалот да биде уште поголем покрај договорот за набавка на машини за перење алишта до нашата редакција пристигнаа и договори за услуги за хортикултурно уредување на зелени површини склучен на 12.12.2022 година во висина од 500.000 денари, како и договор за набавка на кујнска опрема, склучен на 28.11.2022 година во висина од 179.124 денари. Заедничко за сите овие три договори е тоа што истите се реализирани, а не биле дел од планот за јавни набавки на детската градинка.

Но сите овие три договори, како и склучениот договор за сервисирање и оддржување на објекти склучен на 09.08.2022 година имаат уште една заедничка работа, а тоа е истиот економскиот оператор кој ги добил сите четири јавни набавки.

Навистина е нејасно, како може ист економски оператор да се занимава со хорикултура, сервисирање и оддржување на објекти како и со набавка на машини за перење алишта и кујнска опрема.

Најнови вести