вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СКАНДАЛ: Познато е колку владата потрошила пари за прославата за НАТО

СКАНДАЛ: Познато е колку владата потрошила пари за прославата за НАТО

Вкупно 11.900 евра по град или 179.500 евра на ниво на цела држава се потрошени за завчерашната прослава „Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ“, соопшти Владата.

Според Владата, трошоците за организацијата на настаните се скромни, по нормални пазарни цени.

– За промоцијата на настаните не се потрошени средства за реклами во медиумите, ниту пак се потрошени било какви средства за организиран превоз на публика од едни во други градови, велат од Владата.

За прославата се ангажирани исклучиво домашни изведувачи со кои биле склучени авторски договори за уметнички трудови, односно за музичко-сценски изведби, а изборот на градови бил определен согласно рамномерна географска застапеност.

„Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ“ се реализира во 15 градови  врз основа на Одлука и заклучоци од редовна Седница на Владата одржана на 10 јули годинава.

Најнови вести