среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СКАНДАЛ: СДСМ злоупотреби ковид болница за спот, докторите во строј ги дочекаа партиските функционери

СКАНДАЛ: СДСМ злоупотреби ковид болница за спот, докторите во строј ги дочекаа партиските функционери

Интересно видео се појави на социјалните мрежи и стана вистински хит.

Имено, активистките од Форумот на жени ОО СДСМ Прилеп со смислена корегорафија танцуваа во штабот на СДСМ, а оттаму се упатија и до Општата болница во Прилеп, каде медицинскиот персонал ги дочека со ракоплескање, а потоа сите заедно излегоа надвор и продолжија со танцување.

Меѓу реакциите на граѓаните на социјалните мрежи преовладува чудењето дека некому му дошло до танцување во време на епидемија од коронавирус што секојдневно однесува десетици животи во Македонија.

Погледнете го видеото и се ќе ви стане јасно:

Најнови вести