Пред околу една недела министерката за правда Рената Дескоска донела решение со кое ја формирала Комисијата за полагање на правосуден испит. Согласно со новиот закон што го донесе СДСМ, сега повторно се враќа стариот начин на полагање, усно, пред комисија која ја избира министерот за правда.
Но, формирајќи ја комисијата, министерката уште од старт, успеа да го прекрши Законот за правосуден испит, односно членот 6 според кој Испитот се полага пред испитна комисија која се состои од претседател и шест члена и нивни заменици.
Таа наместо да назначи претседател и 6 члена, назначува претседател и 7 члена.
Што е намерата на ваквото кршење на законот од страна на министерката?
Дескоска, претседателот и неговиот заменик ги назначила и за член и заменик во комисијата, што значи дека вршат и две функции во комисијата.
Дали овие лица ќе земаат дупли хонорари? Дали нивниот глас при одлучување ќе се брои двојно?
Знаејќи дека Усниот дел од испитот се спроведува пред најмалку тројца членови на Комисијата (што е помалку од половината), на овој начин министерката ќе си прави состав каков што сака, во зависност од тоа колку е близок на СДСМ кандидатот што го полага испитот.
Надлежните органи за ваквото кршење на законот од страна на министерката се должни да преземат мерки.
Но, не е само тоа спорно, спорни и се и лицата кои се избрани во комисијата, а повеќето од нив имаат директна врска со власта и со СДСМ.
Толку ли не можеше министерката за правда да најде професионалци од редот на професорите, судиите, обвинителите и адвокатите во државава, туку мораше тие да бидат нејзини, и блиски лица на СДСМ, па да може таа да одлучува по партиски клуч кое лице ќе го положи правосудниот испит?
- Љубомир Јовески е предлог за ЈО од владата на СДСМ и ДУИ, а кој извештајот за работа на органот со кој раководи за 2018 година, го објави со задоцнување од 1 година. Односно, извештајот за напредокот 2018 година, кој по закон е должен да го објави и да го достави до Собранието, го објави во јануари 2020 година. Тој ќе треба да цени кој положил кривично или не положил?!
- Претседателот на Апелациониот суд во Штип, Наќе Георгиев, е струмичанец, случајно или не, секогаш кога СДСМ е на власт тој добива или избор во судија (1997 година), или унапредување во Апелационен суд (2004 година), и сега претседател на Апелација во Штип (од ноември 2017-та). Неговата сопруга е јавен обвинител во Јавното обвинителство во Струмица. Неговиот син Кирил Георгиев, е вработен од страна на новата влада во Министерството за транспорт и врски, а неговото име се споменува дека е еден од тие што треба да бидат примени на Академијата за судии и јавни обвинители.
- Валентин Пепељуговски и Адвокатското друштво Пепељуговски се појави и на Емисијата КОД како едно од адвокатските друштва што земале милиони денари од оваа Влада, односно од Министерството за финансии и се појави на првите четири места лани на листата со највискоа суми на пари исплатени од финансии, и тоа во 4 наврати по 4.326.666 или околу 281.000 евра, исто така исплати од државни институции имало на негова сметка и од Македонски народен театар, Економски факултет, Национална галерија на Македонија и др.
- Антоанела Димовска е сестра на пратеничката од СДСМ, Снежана Калевска Ванчева.
- Тања Милева е жена на кандидатот за Градоначалник од СДСМ – Игор Милев од Радовиш. Кога дојде СДСМ на власт, од судија во Велес е унапредена во Апелација Скопје. Нејзиниот сопруг, Игор Милев е висок партиски активист на СДСМ и член на претходниот состав во Државната изборна комисија, предложен од СДСМ.
- Александар Чичаковски е познат во јавноста како поранешен претседател на ДИК во составот кој беше договорен после Пржинските преговори помеѓу тогашната власт и опозиција, а од октомври 2019, со 11 гласа „ЗА“ е избран за судија во Управниот суд.За Чичаковски неодамна одредени медиуми, повикувајќи се на добро упатени судски извори, објавија дека е личен избор на министерката Рената Десковска.
Тој е познат по скандалот што им потпиша на сите членови на ДИК да земат неколку илјади евра бонуси покрај високите плати, кога американскиот амбасадор Џес Бејли ја откри аферата со бонусите за паралментарните избори во 2016 – та година.
Александар Чичаковски како претседател на ДИК одработувал за СДСМ, а бил и нивни активист. Своевремено тој бил редовен на протестите организирани од СДСМ и можел да се забележи во првите редови.
7.Тодор Каламатиев е во Претседателството на Социјалистичката партија на Македонија, за која на 19.07.2018 година во медиумите беше објавено дека „СОЦИЈАЛИСТИТЕ НА ЅИНГО ЗАЕДНО СО СДСМ И ДУИ ЌЕ РАБОТАТ ЗА УСПЕШЕН РЕФЕРЕНДУМ ЗА ЕУ И НАТО“.
8.Исмета Амет, според пишувањата во медиумите и по социјалните мрежи е судијката која што учествуваше во донесување на спорната одлука за прегласување во Теарце во 2011 година. Нејзината ќерка Сибел Амет е активен член и подржувач на Шарената револуција, а судијката Исмета Амет како награда за ангажманот од октомври 2019 година е избрана за Претседател на Виш Управен суд.
9.Аднан Јашари, е поранешен Министер за правда (2014-2016 година) од редовите на ДУИ, кој во 2014 година е познат со најавената оставка во 2014, доколку Али Ахмети го прифати новиот државниот грб. Аднан Јашари целото образование од областа на правото го има стекнато во Приштина и по министерувањето предава на факултетот ЈИЕ.