Градоначалникот на Општина Студеничани, Азем Садики кој доаѓа од ДПА прави обид да намести јавна набавка со тоа што поставува непропорционални услови за исполнување на економска состојба, со цел ограничување на конкуренцијата на економските оператори со што ќе се елеминираат конкурентските компании кои сакаат да земат учество во оваа јавна набавка, откриваат документите до кои стигна Лидер.
Во распишаниот оглас за јавна набавка за изградба, реконструкција, санација и тековно – инвестиционо одржување на водоводна и канализациона мрежа со проценета вредност од 6.000.000,00 денари без ДДВ. Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор што ќе учествува на овој јавен оглас мора да има минимален вкупен приход за последните три години од 150.000.000,00 денари, од кои минимален приход во една од последните три години 50.000.000,00 денари.
Не постои пракса за проценета вредност на набавка од 6.000.000,00 денари да се бара вкупен приход од 150.000.000,00 денари. Со ова уште еднаш се потврдува целта на укинувањето на Советот за јавните набавки, а тоа е неконтролираното дефинирање на непропорционални услови во огласите за доделување на договори за јавни набавки со цел фаворизирање или ограничување на конкуренција меѓу економските оператори.