четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СКАНДАЛ: За граѓаните казни, за несовесниот доктор награда – договор за работа во Министерството за здравство

СКАНДАЛ: За граѓаните казни, за несовесниот доктор награда – договор за работа во Министерството за здравство

КУРИР од свои извори од штипската болница дојде до информации дека поранешниот државен секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев, повторно ќе биде работно ангажиран во МЗ.

Станува збор за докторот кој на дежурството во новогодишната ноќ ја покажа својата несовесност ставајќи се во ризик себеси, колегите и пациентите.

Групирање, без маски, без дистанца, без никаква заштита. Седнати на полна трпеза како да прославуваат во некој ресторан, а не како да се здравствени работници на должност. Ова е еклатантен пример за непочитување на мерките за заштита од ковид од страна на екс-државниот секретар за здравство.

Милошев работеше во кабинетот на Филипче во периодот кога короната зема најголем замав и во МЗ се креираат мерките и политиките. Се носи одлука за драстични казни кои очигледно се наменети само за граѓаните, но не и за лицата блиски до функционерите.

Ни беа забранети многу работи, ниту еден празник не го прославивме како што доликува бидејќи ни се закануваа со казни. Најголем дел од граѓаните останаа дома почитувајќи ги препораките, тие кои не го сторија тоа – си беа казнети.

Институциите многу сакаат да претставуваат слика дека “мерките“ важат за сите. Но, тоа не е вистина.

Исто така, граѓаните се сведоци дека некои манифестираат самоволие бидејќи се заштитени, а други се ставени на тест за издржливост. Кој нема да издржи, ќе плати казна.

КУРИР уште во јануари бараше одговори од МВР и МЗ за овој случај. Во министерството на Спасовски прашавме дали ќе има казни за вработените во штипската болница кои несовесно се однесуваа на дежурство во новогодишната ноќ. Не добивме одговор.

Во министерството на Филипче уште пред повеќе од два месеци прашавме дали ќе повикаат на одговорност. Од таму директно не го повикаа на одговорност овој доктор. Во својот прв одговор до нашата редакција испратија “пластични“ реченици кои ги зборуваат од почетокот на пандемијата и кои досега низа пати се покажаа дека не се вистинити. Кога побаравме конкретен одговор и не дозволивме да ја замајуваат јавноста, пратија поширок одговор, повторно, без да повикаат на одговорност.

Потсетуваме на комуникацијата со МЗ од јануари годинава на оваа тема:

 

Милошев до ден денес не доби казна. Но, според нашите информации, добил награда – договор за работа од Министерството за здравство, работно место и плата од џебот на граѓаните!!! Истите граѓани кои плаќаа казни за дела помали од овие на докторот.

За ова побаравме одговори од Министерството за здравство пред цели шест дена. Одговор – нема!

Со цел да ја пренесеме нивната страна на јавноста, откако со денови чекавме одговор на оваа е-маил порака, го контактиравме и телефонски кабинетот на Филипче. Пред два дена ни рекоа дека ќе добиеме одговор, но тоа уште не го направиле. Со оглед на фактот што од нив баравме да потврдат или негираат, а шест дена не најдоа време и расположение да ни вратат, оправдан е сомнежот дека сакаат да го сокријат овој скандал.

Скандалозно е што доктор Владимир Милошев, максилофацијален хирург во болницата во Штип, наместо осуда, повик на одговорност и казна, доби нов договор за работа во кабинетот на Венко Филипче. Оваа одлука е срамна бидејќи истата претставува доказ за селективноста која се случува на грбот на граѓаните.

Најнови вести