петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Скандалозно барање од Таравари: Полицијата да не ги казнува иселениците

Скандалозно барање од Таравари: Полицијата да не ги казнува иселениците

Преку писмо до началникот на полициската станица, градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари бара полицијата да биде коректна кон иселениците кои за празниците се дојдени во Гостивар.

– Тие се враќаат само неколку дена во својата татковина и даваат толку многу пари што го држат градот и државата со своите приходи! Не е ниту законско, ниту хумано а ниту морално да ги казнувате со парични казни, само затоа што се претпоставува дека тие имаат пари! Прво, тие се заморуваат многу за да ги заработат тие пари, и второ, треба да бидат еднакви пред законот!, му пишува во писмото Таравари на командирот од Гостивар.

Од МВР ги демантираат тврдењата на градоначалникот од Гостивар и велат дека контролите пред празниците дополнително ќе бидат засилени.

Таравари во писмото на командирот му замерува и што не нашол нашоил време да одговори на барањата за контакт со него, порачувајкки му да им помогне на ислениците за празниците да не им се претворат во кошмар.

– Убеден сум дека ќе го послушате и ќе го почитувате моето барање, не само затоа што Полициската станица е во надлежност на Општина Гостивар, туку особено поради тоа што вие сте личност што треба да знае дека вашата работа е да ги штитите граѓаните а не да ги казните, а пред сè иселениците, што е грев да ги пречекаме со глоби наместо со љубов и почит!, пишува Таравари.

Најнови вести